Италијанскиот шампион Јувентус се договори со Челзи и се очекува да го претстави Маурицио Сари како нов тренер во следните денови, пишува „Скај Италија“.

„Бјанконерите“ веќе се договориле со актуелниот клуб на Сари за висината на надоместокот. Според извештајот, Челзи ќе добие 3,5 милиони евра. Сари се очекува да потпише 3-годишен договор со Јувентус.

Маурицио Сари го започна импресивно својот престој во Челзи, при што „сините“ немаа пораз во 18 последователни натпревари. Фановите не го прифатија целосно италијанскиот стручњак, за кого е познато дека не сака да ги коментира или да ги менува тактиките на тимот.

Односите дополнително се затегнаа од големи пораки, како 0:4 од Борнемут и 0:6 од Манчестер Сити. И покрај овие резултати Челзи ја освои Лигата на Европа и заврши во топ 4 на Премиер лигата. По освојувањето на првиот трофеј во кариерата, Маурицио Сари се враќа во Италија, каде за последно беше на чело на Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2019 13:16