Новиот додаток на Реал Мадрид, Еден Азар, на својата презентација рече дека го исполнил својот детски сон со својот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Дваесет и осум-годишниот Азар го парафираше договорот со шпанскиот гигант вечерва. Тој потпиша до летото 2024 година. Потоа Белгиецот беше срдечно пречекан од 50.000 фанови кои ги пополнија трибините на стадионот на „Лос Меренгес“.

– Благодарам на претседателот, исто така и на моето семејство. Имам голема желба да почнам да играм со овој дрес веќе еден месец. Сакам да освојувам титули. Како што рече господин Перез, беше мој сон да играм за Реал Мадрид. Сега сум овде. Само сакам да уживам во моментот, рече Азар на својата презентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2019 11:41