Разрешувањето на Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед е една од најголемите теми на сезоната во Премиер лигата. Многумина сметаа дека во основата тоа да се случи беше несогласување со играчите, предводени од најскапата аквизиција на „црвените ѓаволи“ во историјата – Пол Погба.
Дефанзивецот Трент Александар-Арнолд беше повреден и отпадна од составот за квалификациите на Англија за ЕП 2020, потврди Фудбалската асоцијација.
Екипата на Вардар заврши на првото место во регуларниот дел на регионалната СЕХА лига, а доминацијата на „црвено-црните” се гледа и по изборот на најдобрите седум играчи.
Поранешниот број 8 на светската листа, Јанко Типсаревиќ (Србија) ја постигна својата прва победа на АТП турнир од август 2017 година. Типсаревиќ победи против претставникот на домаќините Бредли Клан со 6:3, 6:3 на стартот на турнирот од серијата „Мастерс“ во Мајами. 34-годишниот Србин, кој е 453-ти во светот во моментов, игра во својот трет турнир сезонава, откако ја пропушти целата 2018 година заради операции на тетивите на двете колена.
Џејмс Харден постигна 57 поени, но тоа не беше доволно и Хјустон загуби од Мемфис 125:126 по продолжение во драматичен судир.
Напаѓачот на Баерн Минхен, Ренато Санчез воопшто не е задоволен од неговиот статус во тимот.
Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус очајно сака да стави крај на својот престој во клубот. Според локалните медиуми, тој се поврзал со раководството на Ливерпул и замолил заемот кај „црните орли“ да биде прекинат.
Денес ќе се одиграат првите 10 натпревари од квалификациите за ЕП 2020. 55 тимови учествуваат во битката за учество на завршницата на шампионатот, кое ќе се одржи во неколку градови на Стариот континент.
Репрезентацијата на Македонија денеска на Градскиот стадион во Скопје со почеток од 20:45 часот го игра првиот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2020 против Летонија.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија во АБА-2, откако вчеравечер како гости го совладаа тимот на Спарс со 70-71 (42-27).