Разрешувањето на Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед е една од најголемите теми на сезоната во Премиер лигата. Многумина сметаа дека во основата тоа да се случи беше несогласување со играчите, предводени од најскапата аквизиција на „црвените ѓаволи“ во историјата – Пол Погба.

Три месеци по разделбата со Специјалниот, Французинот конечно ја прокоментира темата и ги откри причините за неговата смена. Според него, тоа нема никаква врска со играчите, туку со слабите резултати под негово раководство.

– За какви проблеми зборувате? Единствените проблеми беа дека тимот не победува. Ова е причината зошто раководството одлучи да го смени менаџерот. Резултатите едноставно се од најголемо значење за таков огромен клуб. Ако победувавме и имавме серија добри резултати, тренерот немаше да биде сменет. Тоа е целата ситуација, изјави Погба во однос на случајот со отпуштањето на Жозе Мурињо во декември минатата година.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2019 13:21