Поранешниот тренер на Јувентус, Милан и Реал Мадрид, Фабио Капело изјави дека играчите треба да протестираат против расистичките манифестации на навивачите. Искусниот стручњак дури посочи начин на кој тоа да се случува – играчите да ја запрат играта и да седнат на теренот. Коментарот на Капело доаѓа по натпреварот меѓу Интер и Наполи, во кој навивачите на „нероазурите“ го навредуваа дефанзивецот на тимот од Неапол – Калиду Кулибали.
Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер – Мик би можел да стане тест пилот на Ферари во Формула 1, вели „Аутоспорт“.
Два од стадионите кои се градат во Катар специјално за светското првенство во фудбал во 2022 година, ќе бидат пуштени во употреба во 2019-та, соопштија за ТАСС од организацискиот комитет на шампионатот.
Борусија Дортмунд го објави привлекувањето на младиот дефанзивец Леонардо Балерди од Бока Јуниорс. Двата клуба одбиваат да ја откријат вредноста на трансакцијата, но според „Трансфермаркт“ станува збор за 15 милиони евра. 19-годишниот талент, кој е младински репрезентативец на Аргентина, потпиша долгорочен договор.
Пеп Гвардиола ги опиша како „апсурдни“ шансите на Манчестер Сити да ги освои сите четири можни натпреварувања, во кои учествува оваа сезона. „Граѓаните“ официјално се во финалето за Лига Купот по убедливиот успех во првиот полуфинален натпревар против Бартон Албион со 9:0, а освен тоа се во битката за титулата во Англија, во 1/8-финалето во Лигата на шампионите и во четвртиот круг од ФА Купот.
Евентуалното долго отсуство на напаѓачот Хари Кејн може да биде огромен удар по амбициите на Тотенхем за постигнување на нешто битно во оваа сезона, изјави менаџерот на клубот Маурисио Почетино.
Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота го прокоментира вчерашниот амбиент на „Џузепе Меаца“ против тимот на Беневенто. Иако го победија противникот со 6:2, „нероазурите“ не можеа да уживаат на поддршката од своите навивачите на трибините. Причината е изречената казна на Интер по расистичките скандирања кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали и ексцесите меѓу фановите на двата клуба надвор од стадионот.
Речиси три децении откако 96 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени на фудбалски натпревар меѓу Нотингем Форест и Ливерпул на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд, стартува судењето на шефот на полицијата на тој меч, како и на други петмина полициски службеници.
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров рече дека за „црвено-жолтите“ допрва следуваат тешките натпревари на Мундијалот.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на 16 јануари заминува на зимски подготовки во Аланија, каде што ќе одигра четири натпревари.