Напаѓачот на Милан, Џенаро Гатузо се надева дека напаѓачот Гонзало Игуаин ќе остане во тимот. Во последниве недели се шпекулира дека Аргентинецот може да го напушти „Сан Сиро“, откако е посакуван од Челзи. Напаѓачот беше вклучен во натпреварот за Купот против Сампдорија.
Софија Кенин го освои тенискиот турнир во Хобарт (Австралија) со награден фонд од 250.000 долари.
Офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, изјави дека не помислил за враќање во Шпанија и дека е среќен во Англија.
Македонската ракометна репрезентација утрово го одржа својот тренинг во „Олимпик хале“ во Минхен, пред утрешниот натпревар со Бахреин.
Менаџерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса призна дека ги испратил своите помошници за да го шпионираат тренингот на Дерби Каунти во пресрет на 27. коло на Чемпионшип лигата во Англија.
Најдобриот ракометар на светот се враќа на Светското првенство во францускиот национален тим и покрај повредата. Никола Карабатиќ од 2006 година ги предводеше „триколорите“ до четири светски, три европски, две олимписки злата. Франција едвај го совлада Бразил синоќа со 24:22 во првиот меч на Светското првенство, по што не задоцнија критиките од јавноста и навивачите.
Далас Маверикс го порази тимот на Минесота Тимбервулвс со 119:115 по уште еден неверојатен натпревар на дебитантот Лука Дончиќ.
Само 79 минути му беа потребни на Тенис Сандгрен за да го надигра Камерон Нори во финалето на „ЕјБиСи Класик“ во Оукленд. Американецот го совлада британскиот противник со 6-4 6-2 и со тоа ја освои својата прва титула!
Учеството на Нејмар во натпреварот на ПСЖ како гостин на Амиен од Лигата 1 денеска е под знак прашалник. Бразилецот вчера го пропушти тренингот на шампионите, бидејќи се чувствувал уморен.
Барселона го победи Панатинаикос со 79:68 поени во 18-тиот круг од кошаркарската Евролига и веќе има пет последователни успеси. Шпанскиот тим е шести во пласманот со 11 победи и 7 порази, додека Панатинаикос е 10-ти со скор 8-10.