Офанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, изјави дека не помислил за враќање во Шпанија и дека е среќен во Англија.

Триесет годишниот Шпанец игра во Англија во 2011 година, кога потпиша со Челзи, a во 2014 година премина во Манчестер Јунајтед.

– Јас сум во Англија долго време и се чувствувам многу добро. Мислам дека сум добро адаптиран на Премиер Лигата и на животот воопшто. Нормално е да ти недостасува домот, како и семејството и пријателите. Но, искрено, не знам дали во блиска иднина ќе се вратам во Шпанија. Ова не е нешто за што размислувам многу. Јас размислувам само за Манчестер Јунајтед, изјави Мата за „Диарио АС“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2019 16:18