– Има многу места кои се посебни за мене, за среќа. Но да, ако треба да одберам, „Вимблдон“ ќе биде идеално место за да ја завршам својата кариера. Не мислам да се откажам, ако освојам Гренд слем титула на некое определено место, вели Швајцарецот за Си-Ен-Ен.
– Вистинско задоволство е да бидам тука. Ќе играм заедно со квалитетни млади играчи и млад тренер. Јас сум возбуден и не можам да чекам да започнам. Ќе имаме одличен натпревар со Марсеј во недела и сакам да бидам максимално корисен за клубот, беа првите зборови на Цеск.
Менаџеот на Ливерпул, Јирген Клоп и најскапиот дефанзивец во светот – Вирџил ван Дајк, ги освоија наградите за бр.1 во Премиер лигата за декември.
Репрезентацијата на Хрватска го совлада Исланд со 31-27 (16-14) во натпревар од групата „Б“ во која се наоѓа и репрезентацијата на Македонија.
Капитенот на ракометната репрезентација од Македонија, Кире Лазаров беше најпрецизен за „жолто-црвените“ денеска при победата над Јапонија со 38-29, а веднаш по мечот го потврди мислењето на своите колеги дека победата била остварена потешко отколку што тоа реално изгледало на теренот.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез по триумфот над Јапонија во првиот меч на СП 2019 попладнево изјави дека првиот меч на голем турнир секогаш е тежок, но дека се среќни од победата.
Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски по мечот со Јапонија (37-28) изјави дека противникот покажал брза игра и им предизвикал многу проблеми во одбраната, а победата била остварена потешко од тоа како изгледало на теренот.
Стојанче Стоилов, кој беше прогласен за играч на натпреварот во победата над Јапонија со 38-29, веднаш по мечот изрази задоволство од победата на стартот на Светското првенство, но изјави дека тимот треба да се поправи во одбраната.
Со доминантна и компактна игра, избраниците на Раул Гонзалес ја совладаа репрезентацијата на Јапонија со 38:29.
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари го обвини Баерн (Минхен) за недостаток на професионализам и манифестација на непочитување поради начинот на кој германскиот клуб се обидува да го договори трансферот на Калум Хадсон-Одои.