Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија победа од 67-85 (35-38) на гостувањето кај Ловќен вечерва, во меч од 15. коло од АБА2-лигата.
Eден од најтиражните португалски весници – „Рекорд“, пишува дека Жозе Мурињо одбил да го преземе Реал Мадрид веднаш по смената на Хулен Лопетеги на крајот на октомври минатата година.
Австрискиот центар Сент Антон викендов требаше да биде домаќин на најдобрите светски скијачи во брзи дисциплини, но спустот во сабота и супер-џи во недела беа откажани поради опасноста од снежни лавини, екстремни количества снежни врнежи и лоша временска прогноза за време на викендот, соопшти Австриската скијачка федерација.
Шефот на Мекларен, Зек Браун, изјави дека главниот фокус на напорите на тимот пред зимските тестирања е издржливоста. Важно е тимот да извлече максимум од осумте дена, а не да ги повторува грешките од претходните години, смета тој.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака дефанзивецот Венсан Компани да гопродолжи договорот со клубот. Сегашниот договор на 32-годишниот Белгиец истекува на крајот од сезоната.
Центарот на Голден Стејт Вориорс, ДеМаркус Казнс најверојатно ќе го направи своето деби за тимот на 18 јануари во средбата со Лос Анџелес Клиперс, изјави тренерот Стив Кер. Казънс не играл во последните речиси 12 месеци откако доби повреда на ахиловата тетива точно пред Натпреварот на ѕвездите во 2018 година, кога уште беше играч на Њу Орлеанс Пеликанс.
Репрезентативците на Шведска ги победија своите колеги од Азербејџан со чисти 3:0 (25:13, 25:19, 25:16) и со тоа ги продолжи надежите на македонските одбојкари дека ќе се пласираат на Европското првенство.
По одличната сезона 2017/18, Сергеј Милинковиќ-Савиќ минатата година беше баран од неколку големи клубови, но првиот човек на неговиот Лацио, Клаудио Лотито не сакаше да го пушти од „Олимпико“.
Раководството на Челзи подготви резервна опција за трансфер на напаѓач, ако не успее договорот за Гонзало Игуаин, велат од „Скај Спортс“.
Енди Мареј ќе се сретне со светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ во тренинг натпревар како дел од неговата подготовка за Австралија Опен.