Раководството на Челзи подготви резервна опција за трансфер на напаѓач, ако не успее договорот за Гонзало Игуаин, велат од „Скај Спортс“.

Според медиумот, „сините“ имаат намера да го привлечат стрелецот на Борнемут Калиф Вилсон, но само во случај да не се оствари трансферот на Игуаин.

Тимот од Лондон има намера да плати 50 милиони фунти за Вилсон, кој има девет гола од почетокот на сезоната во првенството, а пред него се единствено играчи, кои се во првите 5 тима на табелата. Англичанецот е во многу добра форма во тековната кампања, дури и доби повик за националниот тим.

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, сепак, сака повторно да работи со Гонзало Игуаин, со кого беа заедно во Наполи. Италијанскиот стратег инсистира на тоа дека треба да се направи се можно за да се привлече Аргентинецот, додека Вилсон останува втора опција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 18:30