Енди Мареј ќе се сретне со светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ во тренинг натпревар како дел од неговата подготовка за Австралија Опен.

Шкотот пропушти многу од минатата сезона по операцијата на колкот и испадна од топ 200 на светската ранг-листа.

Дуелот ќе биде повторување на четири од последните финалиња на Австралија Опен, кои секогаш беа добиени од Ѓоковиќ.

Организаторите на турнирот најавија дека дуелот ќе се одржи на „Маргарет Корт Арена“ и ќе биде слободен влезот за навивачите.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2019 18:29