Легендарната тенисерка Мартина Навратилова ја пофали Серена Вилијамс за борбата за полова еднаквост, но упати критики за начиниот на кој се обиде да го направи тоа.
Ричард Хендрикс ќе настапи за македонската кошаркарска репрезентација на престојните натпревари од претквалификациите за ЕП 2021 против Косово и Романија.
Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати јавно се извини за инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на Ју-Ес опен изјави дека пред неколку месеци, кога имаше сериозни проблеми со повредата, не очекувал да има толку успешна сезона.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре ја пречекува Ерменија во квалификациски натпревар за Европското првенство 2019. Селекторот Добринко Илиевски очекува тежок дуел, бидејќи, како што рече, ривалот ќе сака реванш за поразот во Ерменија.
Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати доби отказ од тимот на Маринели Снајперс по инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека наскоро ќе и се врати на тренерската работа.
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини го поддржа напаѓачот Марио Балотели. Тој беше критикуван по ремито со Полска (1:1) во Лигата на нациите.
Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во првите три натпревари во СЕХА-лигата доживеа пораз, но се соочи и со многу повредени играчи. На синоќешниот дуел со Нексе во Скопје се повреди Марио Танкоски.
Младиот фудбалер на Сент-Етиен, Вилијам Гомис беше застрелан од огнено оружје во францускиот Ла Сен-Сер Меру, објавија локалните медиуми.