Поранешниот шампион на Франција, тимот на Монако ја игра една од налошите сезони во Лига 1. Раководството се обиде сезоната да ја спаси со поставување на Тјери Анри на тренерската позиција, ни и со неговото доаѓање ништо не се подобри, напротив резултатите се уште полоши.

Монако во 19. коло од фудбалскиот шампионатот на Франција викендот загуби од Генгамп со 0:2 што е деветти пораз во сите натпреварувања од доаѓањето на Анри.

Од 13 октомври, Монако е најлошиот тим од сите екипи во петте насилни првенства во Европа (Франција, Италија, Англија, Шпанија и Германија).

Во Лига 1 Монако е на претпоследното (19) место со биланс три победи, четири нерешени и дури 11 загубени натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 10:54