Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, е загрижен за менталниот пристап на своите избраници на неколкуте последни натпревари и затоа има намера да ангажира психолог.

Челзи во саботата загуби од Лестер на домашен терен (0:1) по што италијанскиот стручњак одлучи да преземе нешто што го направил во минатото како тренер во Италија.

– Имав спортски психолог пред 15 години во Италија, тоа беше тешко, бидејќи за такво нешто клубовите не беа подготвени, но сега можеме да зборуваме за тоа, зошто да не? Причината за поразот од Лестер не беше нашата физичка кондиција. Бевме добри 55 минути, а потоа две минути подоцна бевме во неволја. Бевме во шок и збунети, изјави менаџерот Челзи.

Во следното коло кое се игра на 26 декември Челзи ќе му гостува на Вотфорд.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2018 11:14