Со одигрување на финалниот натпревар синоќа во Делчево заврши дводневниот турнир во баскет, настан кој го организираше локалниот Совет на млади како прва активност по неговото формирање.
Атлетико Мадрид ги достигна Ливерпул и Ајакс во бројот на освоените трофеи во Супер купот на УЕФА. „Душекџиите“ синоќа во Талин по трет пат го дигнаа Супер куп трофејот по 2010 и 2012 година.
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги смета дека синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид во Супер купот на УЕФА не треба да остави некаква трага и да биде причина за тревога.
Екипите на романската Констанца и шведскиот претставник во ЕХФ купот Алингсас синоќа одиграа нерешено 21:21 (13:12) на 46. Меѓународен ракометен турнир во Струга.
Атлетико Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА, откако со 4:2 го совлада градскиот ривал Реал Мадрид на натпреварот што се одигра во Талин, Естонија.
Пред стотина љубители на кошарката, доцна попладнево, со првиот тренинг започнаа подготовките на кошаркарската екипа „Гостивар“ за претстојната натпреварувачка сезона.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Синсинати, откако со 2:1 во сетови го совлада францускиот тенисер Адријан Манарино.
Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Унгарија ги почна квалификациите за Европското првенство.
Со натпреварот меѓу Железничар и Струга (25:20) на отвореното иргалиште „Женска плажа“ вечерва почна 46. Меѓународен ракометен турнир.
Домаќинот на Струшкиот турнир, ракометниот клуб Струга, претрпе пораз од српскиот клуб Железничар на отворањето на 46-то издание на овој меѓународен турнир.