Ла Лига официјално го објави датумот и времето на одигрувањето на „Ел Класико“ помеѓу тимовите од Барселона и Реал Мадрид. Денот е 6 мај, а времето е 20:45 часот по македонско време, а дуелот од 35-тото коло ќе се игра на „Камп Ноу“.
Двата тима ќе имаат само три преостанати натпревари во првенството по меѓусебниот судир. Веројатно дотогаш каталонците веќе ќе ја имаат обезбедено титулата и во тероија.
Но, пред неколку дена, тренерот на „белите“, Зинедин Зидан, категорично изјави дека неговите играчи нема да прават шпалир на својот заколнат непријател.
„Кралскиот клуб“ ќе го одигра реванш-дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен едвај пет дена пред „Ел Класико“, додека „сино-црвените“ ќе имаат подолга пауза пред натпреварот.
Есенското издание на дуелот заврши 3:0 во корист на Барса, но во самиот почеток на сезоната, Реал го освои Суперкупот на Шпанија токму против овој ривал со вкупен резултат 5:1.