Полскиот ски-скокач Камил Штох со скокови од 135,5 и 139,5 метри и вкупно 283,4 бода победи на денешното натпреварување во Гармиш-Партенкирхен.
Одбранбениот фудбалер на Верона Мартин Касерес е многу близу до трансферот во Лацио. Според информациите во италијанските медиуми, тоа ќе се случи наскоро.
Читателите на престижниот спортски шпански весник „Марка“ го избраа Лионел Меси, за најдобар фудбалер во 2017 година.
Винченцо Монтела, неодамнешниот тренер на Милан, најде нов ангажман и во продолжението на сезоната ќе ја води Севилја, потврди клубот од Андалузија.
Холанѓанецот од први јануари официјално ќе стане играч на „црвените“ и најскапиот дефанзивен играч на сите времиња, бидејќи вредноста на неговиот трансфер од Саутхемптон изнесува 75 милиони фунти.
Куртоа има голема желба да се врати во Мадрид, но не во редовите на Атлетико, чиј дрес успешно го носеше од 2011 до 2014 година, туку во шампионот на Европа, каде што го чека резервирано местото прв голман, наместо Кејлор Навас.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер синоќа го изедначи рекордот на Алекс Фергусон по број на натпревари во Премиер лигата. За Французинот дуелот со Кристал Палас беше 810-ти.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо уште еднаш доби признание за најдобар играч мината сезона. Португалецот победи пред Лионел Меси во изборот на „Globe Soccer Awards“ (награда за светски фудбалер).
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски изјави дека 2017 година е најуспешна во историјата на македонскиот фудбал.
Екипата на Манчестер сити победи на гостувањето на Њукасл со 1-0 во претпоследниот натпревар од 20-тото коло на Премиер лигата.