Читателите на престижниот спортски шпански весник „Марка“ го избраа Лионел Меси, за најдобар фудбалер во 2017 година.

Нивниот избор е сосема изненадувачки, бидејќи весникот излегува во Мадрид и е близок до Реал.

За Меси гласаа 56 отсто од читателите, додека второпласираниот Кристијано Роналдо доби само 25 отсто.

Ова е втората популарна анкета, по онаа на британскиот „Гардијан“ која го прогласи Меси, а не добитникот на „Златната топка“ Кристијано Роналдо.

Во анкетата на „Гардијан“ гласовите не ги даваат читателите, туку поранешни фудбалски ѕвезди.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 19:31