Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски изјави дека 2017 година е најуспешна во историјата на македонскиот фудбал.
Првпат една репрезентација играше на Европско првенство, младите селекции постигнаа одлични резултати, Вардар стана првиот наш клуб што обезбеди место во група од Лигата на Европа, Супер Купот на УЕФА е најголемиот спортски настан во нашата спортска, а резултатски годината беше најуспешна и за А репрезентацијата со пет, три нерешени натпревари и пораз само од Шпанија, вели македонскиот селектор.
Ангеловски очекува во 2018 година да продолжи позитивната атмосфера во репрезентацијата.
Очите во А репрезентацијата се секогаш вперени, а во 2018 година ќе бидеме сконцентрирани на Лигата на нации. Секој член на репрезентацијата е задолжен за позитивната атмосфера и се надевам дека ќе биде уште подобро, истакнува предводникот на „рисовите“.