Екипата на Копенхаген го совлада Истанбул Басакшехир со 3:0 на „Паркен“ во натпревар од 1/8-финалето на Лигата на Европа. Данците го надминаа дефицитот од 0:1 од првиот меч и со тоа станаа прв четвртинафиналист на турнирот. Нивниот следен противник најверојатно ќе биде Манчестер Јунајтед, кој ќе има протоколарен реванш против ЛАСК по победата од 5-0 во Австрија.
Арсенал најави дека ќе отпушти 55 вработени поради финансиските последици од кризата со коронавирус. Пред само неколку дена, „топџиите“ го освоија рекордниот 14-ти Куп на Фудбалската асоцијација по победата од 2:1 над Челси во финалето, што му обезбеди на тимот учество во Лигата на Европа следната сезона и солидни дополнителни приходи, но клупските газди сепак прибегнуваат до екстремни мерки за справување со кризата.
Англискиот вицешампион Манчестер Сити и официјално потпиша со дефанзивецот Нејтан Аке, се пофалија од клубот.
Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал, пренесува каталонски „Спорт“.
Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар зборува за неговиот успех со францускиот шампион. Бразилецот смета дека е во најдобра форма од неговото пристигнување во ПСЖ од Барселона за рекордната сума од 222 милиони евра во 2017 година.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ја коментираше одлуката на поранешниот голман на Реал, Икер Касиљас да стави крај на кариерата.
Фудбалерот од средниот ред на Реал, Хамес Родригез е близу до трансфер во Атлетико, пренесува „Goal.com“.
Барселона продолжува со преговорите со голманот Марк-Андре тер Штеген за потпишување нов договор, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.
Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси ги сподели своите ставови за одлуката на поранешниот голман на Шпанија и на Реал Мадрид, Икер Касиљас да ја заврши својата кариера.
Англискиот вицешампион, Манчестер сити има намера да го засили својот состав во текот на летниот преоден рок.