Екипата на Манчестер Јунајтед е клуб кој плаќа најголеми плати во Премиер лигата. Според „Делоит“ за сезоната 2018/2019 „црвените ѓаволи“ потрошиле 352 милиони фунти за платите на своите играчи и вработени. Тоа е 56 милиони повеќе од претходната сезона.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, изјави дека дознал од играчите на „црвените ѓаволи“ дека Пол Погба се вратил како комплетно променет играч по пандемијата од коронавирус.
Јувентус е подготвен да го продаде Арон Ремзи, и покрај тоа што го привлече велшкиот репрезентативец само пред една година.
Баерн (Минхен) нема да се потпира на Тијаго Алкантара до крајот на сезоната, потврди тренерот на германскиот шампион Ханси Флик.
Легендарниот напаѓач и актуелен тренер на Беневенто, Филипо Инзаги го коментираше обновувањето на фудбалската сезона во Италија, вечерашниот натпревар помеѓу Јувентус и Милан, како и суперesвездата на „бјанконерите“, Кристијано Роналдо.
Суперѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да брза да го напушти тимот и ќе остане на „Сан Сиро“ барем до крајот на оваа сезона, пишува „Ла Република“.
Финалето на ФА Купот оваа сезона ќе биде преименувано во „Heads Up“ со цел да се обрне внимание на проблемите со менталното здравје, изјави принцот Вилијам.
Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман ги коментираше информациите за евентуалното заминување на напаѓачот Тимо Вернер од тимот во блиска иднина.
Шефот на амбасадорите на Ла Лига, екс-претседател на Малага, Фернандо Санс, зборуваше за евентуалното учество на публика на натпреварите по рестартирањето на првенството на Шпанија.
Холанѓанецот Вирџил ван Дајк ќе биде најплатен играч во историјата на Ливерпул. Тој ќе направи нов договор со плата од 220 илјади фунти неделно, пренесува „Сан“.