Јувентус оваа зима има желба да го откупи договорот на играчот на Атлетико, Алваро Мората.

Според Тутоспорт, торинскиот клуб е подготвен да ги откупи правата на фудбалерот кој е на позајмица во Јувентус. За таа цел раководството на „старата дама“ е подготвено да даде 45 милиони евра.

Оваа сезона, 28-годишниот Шпанец настапи на осум натпревари на сите турнири, постигна шест гола и направи две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2020 15:04