Американскиот фудбалер Џовани Рејна го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до јуни 2025 година. Рејна (18) пристигна во Дортмунд од Њујорк во јули 2019 година. Тој постигна четири гола на 11 натпревари во лигата за тимот на Дортмунд до 19 години, пред да биде промовиран во сениорскиот тим во јануари.

– Неговиот развој во последните месеци беше неверојатен. Тој дефинитивно ќе биде важен дел од иднината на Борусија Дортмунд, изјави спортскиот директор на клубот Мајкл Корк.

Рејна стана првиот 17-годишник кој забележал три асистенции на еден натпревар во Бундеслигата (во победата од 4:0 против Фрајбург) откако се бележат такви рекорди.

Вкупно забележа 22 настапи во Бундеслигата (два гола, пет асистенции), а исто така настапи на пет натпревари во Лигата на шампионите. Во понеделникот, три дена по неговиот 18-ти роденден, Рејна го постигна својот прв гол за репрезентацијата на САД, на натпреварот против Панама.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2020 02:19