Репрезентацијата на Македонија се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство по успехот над Косово вечерва на арената „Тодор Проески“ и до настап на своето прво големо фудбалско натпреварување ја дели само уште еден меч – со Грузија, на 12 ноември во Тбилиси.
Градски стадион беше празен но срцата на сите Македонци вечерва беа полни по победата на македонската фудбалска репрезентација над Косово и доближување до историскиот пласман на едно големо натпреварување како што е Европското првенство.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 2:1 (2:1) и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европско првенство 2021 година.
Репрезентацијата на Македонија води на полувремето против селекцијата на Косово со 2:1 во полуфиналето од Лига Д во Лигата на нациите.
Грузија ја победи Белорусија со 1-0 во првото полуфинале на Европското првенство следната година и веќе очекува ривал во финалето.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер избра 25 играчи за претстојната Лига на шампиони, а меѓу нив не се голманот Серхио Ромеро и дефанзивците Фил Џонс и Маркос Рохо.
Полската тенисерка, Ига Швјонтек ја елиминираше Надја Подороска со 6: 2, 6: 1 и се пласираше во финалето на „Ролан Гарос“.
Крилото на Вулверхемптон, Адама Траоре синоќа дебитираше за Шпанија и остави добар впечаток со својата игра.
Полудефанзивецот на Интер, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини, исто така, беа тестирани позитивни на КОВИД-19, според „Ла Газета дело Спорт“.
Sвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ и дефанзивецот на „росонерите“, Лео Дуарте, сè уште не се излекувани од коронавирусот.