Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо, може да се пресели од „Камп ноу“ во Челзи во текот на летото, објави Калчомеркато. 26-годишниот бразилски фудбалер има договор со каталонскиот клуб со важност до 30 јуни 2023 година.
Лидерот во Премиер лигата, тимот на Ливерпул по денешната победа над Кардиф стигна до 88 бода од 35 натпревари во тековната сезона. Овој резултат претставува клупски рекорд за „црвените“ во нивната историја во Англиското фудбалско првенство.
Фудбалерот на Реал, Марсело по натпреварот од 33. коло од шампионатот на Шпанија против Атлетико Билбао (3:0), рече дека во Мадрид се чувствува како дома.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по денешната победа (3:0) над Атлетик Билбао во 33. коло од шампионатот на Шпанија рече дека напаѓачот Карим Бензема е најдобрата „деветка“ на светот.
Ливерпул го победи Кардиф со 2:0 во натпревар од 35. коло на англиското фудбалско првенство и со трите освоени бода се врати на лидерското место на табелата.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна хет-трик на денешниот натпреварот со Атлетик Билбао во шпанската Примера. За францускиот напаѓач ова е прва средба на која погодил три пати по пауза од три и пол години.
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини, му ја честиташе на Јувентус новата шампионска титула, осма по ред.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјеер, им се извини на навивачите по високиот пораз (4:0) од Евертон во натпревар од 35. коло на Премиер лигата
Екипата на Пари Сен-Жермен по осми пат во историјата на Француското фудбалско првенство го освои шампионскиот трофеј
Манчестер јунајтед попладнево загуби од Евертон со убедливи 0:4 натпреварот од 35-тата рунда од шампионатот на Англија и постави негативен рекорд во примени голови во една сезона