Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел смета дека односите меѓу навивачите на францускиот гигант и суперѕвездата Нејмар се движат во вистинска насока.

Синоќа, Бразилецот го постигна својот четврти гол во победата на ПСЖ со 4-0 над Анже во Лига 1. Нејмар има 4 гола на 5 натпревари во Франција оваа сезона по сагата со неговиот трансфер во барселона ова лето.

– Односите меѓу навивачите и Нејмар се подобруваат. Станува полесно. Реков дека зависи од нас, од него, да се докаже одново и одново, да биде решителен, да страда, да трча, да ја одзема топката. Не е важно да зборува. Тој покажа многу работи на Анже и се претстави на ниво. Повторно постигна гол, можеше да постигне и повеќе. Тој може да покаже многу работи. На крајот, зависи од тоа како ќе одат работите, изјави тренерот на парижаните.

Германецот потоа ја прокоментира ситуацијата со повредата на другата ѕвезда на тимот – Килијан Мбапе.

– Сè уште не знам што ќе правиме со Килијан. Мора да се подложи на третман. Ќе го почекаме договорот меѓу Француската фудбалска федерација и ПСЖ за тоа дали ќе се приклучи на репрезентацијата на Франција, рече Тухел.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2019 14:08