Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо, им препорача на Каталонците да бараат алтернатива на Лионел Меси.
Европскиот суд за човекови права нареди поранешниот романски напаѓач Адријан Муту да му плати на Челзи 17 милиони евра како компензација за трансферот во Јувентус, пренесува „Фудбал Италија“. Во октомври 2004 година, Муту даде позитивен тест за кокаин, поради што тој беше дисквалификуван. Напаѓачот беше избркан од Челзи и по неговото преминување во Јуве, англискиот клуб се сврте кон ФИФА за надомест.
Екипата на Вардар утре во 15 часот гостува на теренот во Ѓорче Петров против Македонија на вториот натпревар од осминафиналето од Купот на Македонија. Првата средба заврши нерешено 1:1, па за пласман во идната рунда им е потребна било каква победа на утрешното гостување.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не е заинтересиран да го предводи Манчестер Јунајтед, објави „Ле Паризиен“.
Поранешниот тренер на Интер, Франк де Бур смета дека Мауро Икарди не заслужува да ја носи капитенската лента во тимот на „неро-азурите“, без разлика на неговите фудбалски квалитети.
Тренерот на Дерби Каунти, Френк Лампард му изрази поддршка на колегата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Португалецот е критикуван поради слабите резултати и тензиите со играчите.
Бразилскиот голман Алисон Бекер се врати во Италија за прв пат по неговото заминување од Рома. Алисон кој утревечер со Ливерпул ќе му гостува на Наполи, на тамошните новинари им кажа дека многу тешко го поднел заминувањето од Рома.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, има намера да го напушти тимот во зима ако тренерот Жозе Мурињо не добие отказ пред тоа. Како што објави „The Sun“, Погба ова им го соопштил на своите соиграчи на вчерашниот тренинг.
Италијанската фудбалска федерација донесе одлука првенството во Серија Б да продолжи со 19 учесници, со што се стави крај на конфузната ситуација која настана на самиот почеток.
Кристијано Роналдо е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал, а за неговата популарност потврда е и изјавата на тренерот на Јанг Бојс, Герардо Сеоане, кој рече дека е разочаран што Португалецот нема да настапи за Јувентус во дуелот со неговиот тим во втората рунда од Лигата на шампионите.