Новиот тренер на Интер, Антонио Конте е лут на раководството на клубот. Тој не е задоволен од работата во однос на трансферите, и мисли дека некои ветувања што му се дадени, почнуваат да пропаѓаат.

Еден од главните проблеми за Конте е трансферот на Ромелу Лукаку. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед беше близу до преминувањето на „Сан Сиро“, но по последните разговори, веројатноста за ова се намалува. „Нерасзурите“ не се подготвени да платат 75 милиони фунти, кои ги бараатод „Олд Трафорд“. Последната понуда на Интер беше да се земе играчот две сезони на заем и да се плати 9 милиони фунти за тоа, а договорот да има опција за купување од 54 милиони. Овие услови, сепак, не ги фасцинираа претставниците на Јунајтед.

По овие разговори, италијанското раководство почна да бара поевтини опции за централен напаѓач и се упати кон Едисон Каван. Договорот на Урусот со Париз Сен Жермен истекува следното лето. По престојот во Палермо и Наполи тој ја покажа својата класа на италијанскиот шампионат.

Конте е исклучително незадоволен од фактот дека трансферите се одложени затоа што сакал да се потпре на новите играчи за азиската турнеја. Клубот сè уште не може да најде купувачи за играчите на кои нема намера да се потпира, вклучувајќи ги Мауро Икарди, Ража Наинголан и Жоао Марио.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 21:50