Тренерот на Интер, Лучано Спалети откри дека Раџа Наинголан ќе го пропушти само утрешниот натпревар со Наполи, по што ќе биде вратен во првиот состав. Белгиецот беше отстранет од тимот поради нарушување на дисциплината, а одлуката е лично на сопственикот на клубот.
Има уште денови до крајот на годината, и ако не се случи чудо во англиската Премиер лига или во Серија „А“, најкреативниот фудбалер во топ 5 првенствата на Европа е веќе јасен.
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе остане на клупата во претстојниот натпревар од Серија „А“ против Аталанта утре.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен и репрезентацијата на Франција, Килијан Mбапе, беше прогласен за најдобар француски фудбалер за оваа година, според списанието „Франс Фудбал“
Поранешниот тренер на Атлетико Мадрид, Кике Санчез Флорес најде нов предизвик во својата кариера. 53-годишниот Шпанец е новиот ментор на кинески Шангај Шенхуа.
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола верува дека тимот е посилен од минатата година и го сподели моментот кога знаел дека тимот ќе ја освои титулата во Премиер Лигата.
Премиерлигашот Кристал палас се приклучи на Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Наполи во трката за ангажман на српскиот фудбалер од Ајнтрахт, Лука Јовиќ, објави „Скај Спорт“.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп им дозволи на играчите да ручаат со своите семејства, иако утре ги очекува натпревар од Премиер лигата.
Калчолигашот Милан на својата официјална веб-страница објави дека ќе поднесе жалба во Арбитражниот суд во Лозана (CAS), поради санкциите од УЕФА.
Успесите на Ливерпул оваа сезона може да резултираат со нов спонзорски договор на рекорден износ.