Кардиф Сити се врати во Премиер Лигата по четиригодишно отсуство откако го освои второто место во Чемпионшип дивизијата. Претходно, Вулверхемптон обезбеди место меѓу најдобрите.
Маурицио Сари е подготвен да го напушти Наполи на крајот од сезоната. Причината за ова е тензијата помеѓу него и сопственикот на клубот Аурелио Де Лаурентис, пишуваат медиумите во Италија.
Тимот на Порто е новиот шампион на Португалија. Ова е првата титула за „змејовите“ од 2013 година. Таа беше заверена минатата ноќ по ремито без голови во дербито на Лисабон, помеѓу Спортинг и Бенфика.
Дефанзивецот на Јувентус, Стефан Лихтштајнер изјави дека го напушта клубот на крајот од сезоната. Швајцарецот го призна ова по победата над Болоња синоќа (3:1), која ги донесе уште поблиску до седмата последователна титула.
Фергусон се почувствувал лошо вчера, а утрото било повикано амбулантно возило во неговиот дом за да го однесе во Кралската болница Салфорд.
Екипата на Беласица денеска го завери враќањето во првата македонска лига по повеќе од една деценија, откако го совлада Кожув со убедливи 6:0. Со оваа победи струмичкиот тим и официјално се промовира како нов прволигаш во следната сезона.
Екипата на Мајнц 05 го задржа своето место во германската фудбалска елита и наредната сезона. Тоа стана факт по победата на Мајнц со 2:1 на „Сигнал Идуна Парк“ против домаќините од Борусија Дортмунд во натпревар од претпоследното 33 коло на Првата Бундеслига.
Овој резултат значи дека Стоук останува на 19-то место со 30 поени - три помалку од тимот на Свонси и две помалку од оној на Саутемптон. Овие два тима сепак се со два натпревари помалку, при што едниот од нив е директен судир меѓу нив.
Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис, го нападна остро Јувентус, обвинувајќи го клубот дека честопати имал корист од грешките на судиите. Бизнисменот смета дека италијанскиот фудбал не се променил многу од скандалот во „Калчополи“.
Напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Уругвај, Луис Суарез најави дека каталонскиот тим во наредниот период може да се зајакне со ѕвездата на Атлетико Мадрид - Антоан Гризман, откако изјави дека никој нема ништо против тој да се пресели на „Камп Ноу“.