Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари уште еднаш одговори на прашања во врска со споредбите меѓу него и поранешниот тренер на „белите“ Зинедин Зидан. Стратегот истакна дека Зизу е неспоредлив, а зборуваше и за претстојниот дуел на Реал против Еибар.
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ уште еднаш навести на претстојниот трансфер во Милан. „Ибракадабра“ е посочуван за враќање кај „росонерите“ за неколку месеци, а трансферот од Л.А. Галакси во гигантот од Милано е сé поверојатен.
Двете ѕвезди во нападот на ПСЖ, Нејмар и Килијан Мбапе може да играат против Ливерпул во среда вечер, изјави тренерот Томас Тухел.
Раководството на Челзи успеа да го обнови договорот на една од своите големи ѕвезди, Н’Голло Канте, но сега има уште една голема цел. Целата енергија ќе биде насочена кон убедување на Еден Азар да го стори истото.
Пред 13.коло во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа на осмата позиција на табелата, на 7 поени од првите четири места, кои носат пласман во Лигата на шампионите.
Златан Ибрахимовиќ му рече „да“ на Милан! Со оваа вест излезе италијанското издание „Спорт Медијасет“, кое се смета за блиско до „росонерите“, откако медиумот информира дека договорот ќе биде за период од шест месеци и тој ќе игра позајмен на „Сан Сиро“ од американскиот Лос Анџелес Галакси.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред натпреварот со Вотфорд се пошегува коментирајќи ја можноста за воспоставување на клупски рекорд. Ако Ливерпул не прими гол ќе го оствари најдобриот резултат во историјата во оваа статистика. Досега, по 13 рунди „црвените“ имаат пет примени гола.
Борусија Менхенгладбах го продолжи договорот со главниот тренер Дитер Хекинг, соопштено е на клупската веб-страница.
Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, заврши во болница во Сараево, бидејќи страдаше од исцрпеност, пишува дневниот весник „Дневни аваз“.
Францускиот играч од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте, го продолжи договорот со лондонските „сини“ до 2023 година.