Борусија Менхенгладбах го продолжи договорот со главниот тренер Дитер Хекинг, соопштено е на клупската веб-страница.

Новиот договор на 54-годишниот специјалист со бундеслигашот е со важност до 2020 година.

Хекинг е на функцијата од декември 2016 година.

Борусија Менхенгладбах е на второто место, зад водечката Борусија Дортмунд со четири бода заостанување.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 13:32