Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари уште еднаш одговори на прашања во врска со споредбите меѓу него и поранешниот тренер на „белите“ Зинедин Зидан. Стратегот истакна дека Зизу е неспоредлив, а зборуваше и за претстојниот дуел на Реал против Еибар.

– Најтешко по пауза е тоа што играчите патуваат многу, откако се враќаат од различни земји. Некои учествуваа во дуел, други во два. Играчите се вратија во различно време – некои во вторникот, други во средата. Последниот што ни се придружи беше Виничиус. Сите вложуваат големи напори, вели Солари.

По силниот старт на Солари на чело на „лос меренгес“ се појавија споредби со Зинедин Зидан. На прашањето дали се гледа себе си како негов наследник, стратегот вели: „Од првиот ден јас одговорам на ова прашање. Зидан е неспоредлив. Тој е легендата за клубот. Како фудбалер, ја имав честа да играме заедно. Како тренер не ја знам точната статистика, но тој треба да е меѓу најистакнатите професионалци кои го воделе „кралскиот клуб“. Го почитувам многу како човек. Не можам да го споредувам со никого, посочи Аргентинецот.

Во претстојниот 13-ти круг на Ла Лига, „белиот балет“ е гостин на Еибар. Солари очекува висок интензитет на мечот.

– Еибар е борбена екипа. Има јасна концепција и се агресивни, рече експертот.

На почетокот на декември ќе биде објавен и новиот победник на „Златната топка“. Тој изјави дека би било одлично да ја освои Лука Модриќ, но има и други фаворити за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

– Би било феноменално ако Лука ја земе оваа награда, или Варан или Бензема, додаде тренерот на Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 19:08