Раководството на француски ПСЖ призна за нелегални практики од страна на некои поранешни вработени, кои класифицирале фудбалери, следени од нивна страна, по етничко потекло.
Минатата сезона навивачите на Арсенал се прашуваа дали една од ѕвездите на тимот, Месут Озил ќе остане долго време. На крајот Германецот го продолжи договорот, неколку месеци пред неговото истекување и сега е поврзан со „топџиите“ до 30 јуни 2021 година. Но, тој не гледа проблем да остане и подолго.
УЕФА планира да го казни Милан за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. На клубот му се заканува казна од 20 милиони евра.
Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, пред гостувањето кај Борусија Дортмунд во натпревар од 11. коло на Бундеслигата, изјави дека противникот е фаворит. Можна победа за „баварците“ ќе ја намали разликата на табелата до само еден бод.
Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике го прокоментира повикот на левиот бек на Барселона, Жорди Алба, за претстојните натпревари.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс не беше импресиониран од начинот на кој Жозе Мурињо ги испровоцира фановите на Јувентус, по победата од 2:1 во групите на Лигата на шампионите.
Кристијано Роналдо повторно не е вклучен во репрезентацијата на Португалија, и покрај гласините дека ќе се врати во неа. Шпанија ќе се сретне со Италија во Лигата на Нациите, а „скуадра“ има потреба од задолжителна победа.
Филипе Кутињо ќе биде надвор од теренот во рок од две до три недели поради повреда на мускулот, соопштија од Барселона.
Тренер на Реал, Сантијаго Солари беше задоволен од тимската игра на натпреварот од четвртата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите со Викторија Плзен (5: 0). Тој истакна дека оваа победа не треба да доведе до опуштање на играчите.
Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал се врати во националниот тим на Франција за натпреварите со Холандија и Уругвај овој месец.