Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи по поразот (0:3) од австриски Салцбург во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите го сподели своето незадоволство, но додаде дека нема да престанат да веруваат во чудо и пласман во следната рунда.
- Факт е дека ние не го започнавме дуелот како што планиравме. Ја консолидиравме играта и создадовме неколку шанси кои за жал не ги искористивме. Ова е лош резултат, тука нема дилеми, но ние во секој случај максимално ќе се подготвиме за реваншот во Скопје. Нема да престанеме да веруваме во чудо, иако резултатот воопшто не ни оди во полза, изјави Османи по мечот.
Реванш натпреварот се игра на „Филип Втори“ на 14 август со почеток во 20:15 часот.