Халфот на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ замина за Лондон за да го финализира трансферот во Челзи.
До крајот на денот, 24-годишниот фудбалер треба да ги помине медицинските прегледи и да се финализира преминувањето во Челзи.
Се уште нема детали околу зделката меѓу Реал Мадрид и Челзи за трансферот, но се очекува хрватскиот репрезентативец да игра како позајмен играч до крајот на сезоната на „Стемфорд Бриџ“, а англискиот клуб да има право да ги откупи целосно неговите права следното лето. Не е исклучена и варијантата 24-годишниот играч од средниот ред да влезе како дел од договорот меѓу Челзи и Реал Мадрид за Тибо Куртоа.
Самиот Ковачиќ одамна изрази желба да си замине од „Бернабеу“, бидејќи не игра доволно. Во последната година тој одигра десет натпревари за Реал Мадрид, а во финалето на Светското првенство во фудбал во Русија се појави како резерва.
„Сините“, најверојатно, ќе го „испратат под наем“ Дени Дринквотер, кој не влегува во сметките на Сари. Евертон и Вест Хем се можните дестинации за 28-годишниот фудбалер, за кого беа платени 35 милиони евра на Лестер пред една година. Дринквотер придонесе за титулата на „лисиците“ освоена во 2016 година.