Финалистот во Лигата на шампионите, Ливерпул постигна договор со Рома за трансфер на бразилскиот голман на „волците“ Алисон, јави Би-Би-Си.
Екипата на Наполи подготвува понуда од 45 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави „Кориере дело Спорт“. Францускиот напаѓач е еден од главните трансфер цели на напаѓачот на Наполи, Карло Анчелоти.
Фудбалската федерација на Македонија ќе добие нови, вонредни средства од УЕФА во висина од еден милион евра за подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија.
Тимот на Торонто е сосема блиску до привлекување на крилото на Сан Антонио Спарс, Каваи Ленард, пренесе „Јаху Спортс“. Двата тима постигнале принципиелен договор, а во договорот ќе биде вклучен и водечкиот реализатор на канадскиот тим ДеМар ДеРоузен.
Дефанзивецот на Виљареал, Рубен Семедо остана 142 дена зад решетки во затворот „Пенитенсиарио де Писасент“, но беше пуштен на слобода откако плати кауција од 30 илјади евра.
Арсенал го направи најдобриот трансфер во текот на летото со назначувањето на Шпанецот Унаи Емери на функцијата менаџер, смета поранешното крило на тимот, Роберт Пирес. Шпанецот го наследи Арсен Венгер на клупата.
Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде освојувачот на сребрен медал од неодамна завршеното светско првенство Хрватот Шиме Врсаљко за 30 милиони евра.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед Пол Погба сака да се врати во Јувентус, пишува италијанското издание „Тутоспорт“.
Хамес Родригез сигурно ќе остане во Баерн Минхен и во следната сезона, гарантира агенцијата која ги претставува неговите права - „Гестифут“. Во договорот за закуп помеѓу баварците и Реал Мадрид нема „дупка“, која „кралевите“ би можеле да ја искористат за да го вратат техничарот пред летото 2019 година.
Дефанзивецот Дејли Блинд го напушти Манчестер Јунајтед за да се врати во својот матичен клуб Ајакс и не ја крие радоста дека повторно ќе го носи дресот на холандскиот гигант.