Дефанзивецот Дејли Блинд го напушти Манчестер Јунајтед за да се врати во својот матичен клуб Ајакс и не ја крие радоста дека повторно ќе го носи дресот на холандскиот гигант.

- Се гордеам што играв за Манчестер Јунајтед. Бев дел од најголемиот клуб во светот, а тоа значи многу за мене. Поминав 4 неверојатни години на „Олд Трафорд“ и освоив 4 трофеи. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери, менаџери и фанови, како и на моите соиграчи. Ви благодарам за поддршката. Но сега дојде време да се вратам дома, се збогуваше Блинд со приврзаниците на „црвените ѓаволи“.

Менаџерот на тимот, Жозе Мурињо имаше пофалби за Холанѓанецот и му посака иден успех.

- Му благодарам на Дејли за сè што направи за клубот. Ретко сум сретнал такви професионалци како него. Мило ми е што работевме заедно во текот на овие две години и му посакувам се најдобро во клубот на неговото детство - Ајакс, изјави Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 10:19