Самиот фудбалер е склон да ги засили „росонерите“ дури и ако тимот не успее да поднесе жалба за исфрлањето од европските клупски турнири, но најголемиот проблем тука е шефот Клаудио Лотито, кој е доста тежок за преговори.
Големата селекција на Рома продолжува со полна сила. Клубот доби деветто ново засилување, а тоа е младиот Французин Вилиам Бианда. Тој пристигнува од Ленс за шест милиони евра, но досегашниот клуб може да добие уште пет милиони во форма на бонуси.
Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни официјално беше претставен во дресот на Ди-Си Јунајтед од Вашингтон.
Претседателот на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Грат изјави дека Дидие Дешам ќе остане на селекторското место до 2020 година.
Интер е подготвен да привлече уште еден играч на Рома во тековниот трансфер период. По официјалното претставување на Раџа Наинголан во дресот на „неро-азурите“, сега и Алесандро Флоренци може да го смени Рим со Милано.
Како што беше најавено, португалскиот клуб Спортинг ја искористи клаузулата во договорот и го отпушти српскиот тренер само девет дена по промоцијата во Лисабон.
УЕФА наметна сериозна казна на Милан поради непочитување на финансискиот ферплеј. На италијанскиот гигант му е забрането учество на европски турнири во период од една година.
Ливерпул официјално потврди дека новото засилување Наби Кеита ќе игра со легендарниот број 8, кој за последен беше на грбот на Стивен Џерард. Токму Стиви Џи му го предаде дресот на фудбалерот од средниот ред.
Тимот на Милан нема да има нов сопственик, барем засега. Ова стана јасно денеска, откако актуелниот претседател на „росонерите“, Јонхон Ли ја одбил понудата на американскиот милијардер Роко Комисо од 500 милиони евра.
За да избегне санкции од УЕФА поради нарушување на финансискиот фер-плеј, францускиот шампион Пари Сен Жермен ќе треба да заработи 51 милион евра од продажба на фудбалери.