Ливерпул официјално потврди дека новото засилување Наби Кеита ќе игра со легендарниот број 8, кој за последен беше на грбот на Стивен Џерард. Токму Стиви Џи му го предаде дресот на фудбалерот од средниот ред. Самиот играч сепак најави дека не планира да го имитира својот претходник, кој беше исклучително важен и за офанзивните активности на тимот, туку ќе продолжи да го прави она што умее најдобро. - На прво место јас сум фудбалер со дефанзивни функции и треба да почнеме токму од тоа. Во исто време, сепак, мора да ја држам топката и да помагам на нападот. За мене сепак најважна е победата, изјави Кеита по промоцијата. Поранешниот играч на РБ Лајпциг изрази надеж дека новата кампања ќе биде уште подобра од претходната, кога тимот од Мерсисајд се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, каде сепак загуби од Реал Мадрид. - Зборував со тренерот кој ми кажа за проектот на тимот и тоа ме мотивира да дојдам тука. Гледајќи го претставувањето и играта на Ливерпул од минатата сезона, тоа ме натера да сакам да бидам дел од овој тим, додаде халфот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 16:36