За да избегне санкции од УЕФА поради нарушување на финансискиот фер-плеј, францускиот шампион Пари Сен Жермен ќе треба да заработи 51 милион евра од продажба на фудбалери.

Рокот за ПСЖ да ја исполни оваа квота е до крајот на месецот (30 јуни).

По спроведената истрага, за УЕФА се спорни 37 проценти од приходот остварен од спонзори.

Овој износ нема да биде земен во предвид при процената на приходите и расходите, што создава негативно салдо, пишува „Л“Екип“. Според изворот, тоа е околу 51 милион евра.

Парижаните преговараат за продажба на голем број фудбалери.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 12:32