Екипата на Ваљадолид го победи Спортинг Хихон со 2:1 и во реваншот од полуфиналето на плеј-офот за шпанската Примера одигран синоќа во Хихон и со две победи (3:1 на првиот меч) обезбеди борба за влез во елитата.
Екипата на Палермо за која настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе играат во финалето на плејофот за влез во Серија А.
Капитенот на бразилската фудбалска репрезентација Нејмар погодокот постигнат на вчерашниот контролен дуел со Австрија во Виена, му го посвети на поранешниот напаѓач на националниот тим Ромарио.
УЕФА нема да го исклучи ПСЖ од Лигата на шампионите, дури и ако клубот е прогласен за виновен за кршење на финансискиот фер-плеј.
Менаџерот на Манчестер Сити, Јозеп Гвардиола, изјави дека се лажни зборовите на поранешниот играч од средниот ред на англискиот тим Јаја Туре.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар смета дека следната сезона, тимот од „Олд Трафорд“ може да се бори за трофејот доколку донесе две до три квалитетни засилувања.
Реал Сарагоса нема да игра во најквалитетната фудбалска лига во Шпанија ниту следната сезона, откако не успеа во квалификациите за влез во Примера.
Францускиот прволигаш Олимпик Лион на својата официјална веб-страница објави дека играчот од средниот ред Набил Фекир ќе продолжи да настапува за тимот и во сезоната 2018/19.
Голманот Даниел Божиновски и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Работнички. Тој ја продолжи верноста кон клубот кој обезбеди учество во Лига Европа и следната сезона.
Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар му одговорил на Реал Мадрид со барање „Кралскиот клуб“ да го почека една година.