Милан ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Челзи, Алваро Мората во текот на летото. Според „Скај Италија“, извршниот директор на „росонерите“, Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилиано Мирабели денеска имале средба со Бепе Боцо во Милано. Вториот беше најзаслужен за трансферот на шпанскиот напаѓач во Челзи. Мората немаше добра сезона на „Стемфорд Бриџ“ и се шпекулира дека не е среќен во Лондон. Јувентус има интерес да го врати, но сега и Милан влегува во борба за неговиот потпис. „Росонериите“ нема да можат да го привлечат Мората за траен трансфер поради финансискиот фер-плеј, но идејата на Италијанците, според изданието, е да го изнајмат со опција да го купат подоцна. Во Италија се тврди дека Боцо можеби имал средба со лидерите на Милан и поради неговиот друг клиент Симоне Заза, кој оваа сезона постигна 13 гола за Валенсија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2018 17:31