Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала е на мислење дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во историјата и изрази радост дека ќе има можност да игра заедно со него на претстојниот Мундијал во Русија.
Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе е задоволен од прикажаното на пријателскиот натпревар со Ирска (2:0).
Ѕвездата на бразилската фудбалска репрезентација, Нејмар де Силва Сантос Јуниор, изјави дека се уште во целост не е заздравен од повредата на стапалото, иако Светското првенство во Русија ќе започне за нешто повеќе од две седмици.
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер е уверен дека ќе биде подготвен за натпреварите на Германија на Светското првенство во Русија.
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Хулен Лопетеги нема намера да се откаже од услугите на бекот на Реал Мадрид, Карвахал кој заработи повреда во финалето од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на бразилската репрезентација ќе добијат по еден милион долари за победа на Светското првенство во Русија.
Учеството на египетскиот репрезентативец Мохамед Салах на претстојното Светско првенство во Русија е под знак прашалник, поради повредата на рамото што ја здоби синоќа во финалниот натпревар од Лигата на шампионите на неговиот Ливерпул против Реал Мадрид.
Навивачи го прекинаа тренингот на бразилската репрезентација пред СП 2018 со обвинувања дека „Селесао“ не контактира доволно со публиката на бразилска земја.
Големите надежи на францускиот национален тим се поврзани со талентот на Килијан Мбапе. За време на Светското првенство во Русија тој ќе игра со легендарниот број 10, што своевремено го носеле Мишел Платини и Зинедин Зидан.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Аге Хареиде, во изјава за противниците на неговиот тим на Светското првенство во Русија, наведе дека на Франција не гледа како на голема опасност.