Кандидатот за Претседател на Македонија предложен од владеачката СДСМ и ДУИ, во своето гостување на 1ТВ истакна дека сликата која се појави на социјалните мрежи во Рено Меган, откако во анкетниот лист пријавил дека има Југо, е направена од агенти на тајните служби.
На средбата Силјановска Давкова истакна дека граѓаните не можат да ја прифатат промената на уставното име на Република Македонија, додавајќи дека ќе ги искористат сите правни механизми повторно да го вратат името на државата.
Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор Блерим Река денеска и официјално ја промовираше својата независна кандидатура за претстојните претседателски избори закажани за 21 април.
Над 60 пратеници со својот потпис дадоа поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата, соопшти денеска генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, кој е и шеф на изборниот штаб за претстојните претседателски избори.
Немаме намера никого од дијаспората со сила да го натераме да гласа на избори, изјави денеска министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на Националната стратегија за соработка со дијаспората за периодот 2019-2023 година.
Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денес оствари средба со граѓаните на Општина Босилово.
Kандидатот за претседател на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со граѓаните на Општина Ново Село.
Независниот кандидат за претседател Блерим Река соопшти дека ги собрал потребните потписи за кандидирање за претстојните претседателски избори во Северна Македонија.
Агенцијата вчера му укажа на Јавниот радиодифузен сервис дека нужно мора да води сметка, сите вработени кои се ангажирани во подготвување на програмите да ја почитуваат одредбата од Изборниот законик според која тие не смеат истовремено да учествуваат и во предизборни активности на политички субјекти.
Кандидатите за претседател на Републиката до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април.