Техничкиот премиер и еден од потпретседателите на СДСМ, Оливер Спасовски денеска изјави дека интезивното договарање за предизборна коалиција очекува да биде со повеќе партии.
Роми активисти и интелектуалци од граѓанската иницијатива АВАЈА, денеска, ја промовираа својата нова кампања „Мојот глас – Твоја должност“ во пресрет на парламентарните избори 2020
Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии
Ниту еден избирач нема да може да гласа без важечки личен документ на предвремените парламентарни избори на 12 април, предупреди денеска претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски
Течат роковите за подготовка на предвремените парламентарни избори на 12 април. Утре почнува рокот за собирање потписи на избирачите за кандидати за пратеници и за јавен увид во Избирачкиот список
Во петок, во 18.30 на Канал 5, лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го имаат првото предизборно соочување во „Дуел за вистината“.
Избирачите своите податоци во Избирачкиот список можеа да ги проверат и пред овој рок, преку апликацијата на веб страната на ДИК www.sec.mk.
До Државната изборна комисија (ДИК) барања за регистрација и ценовници за платена политичка програма за предвремените парламентарни избори на 12 април доставиле 242 медиуми.
Ограноците на ДУИ до вечерва до партијата треба да достават предлози за кандидати за пратеници, кои по анализите и внатрепартискиот избор ќе подлежат на проверка, изјави на прес-конференција Бујар Османи, шеф на Изборниот штаб на партијата и вицепремиер за европски прашања
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека трае анализата и во периодот помеѓу први и петти март ќе бидат познати носителите на пратеничките листи, а недела дена подоцна ќе бидат познати и листите на пратеници