Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа денеска апелираше до гласачите на оваа партија во вториот круг на локалните избори да ги поддржат кандидатите за градоначалници на Алијансата за Албанците, со цел, како што рече, да „помагнат во политичкиот пораз на ДПА и ДУИ“.
Новоизбраниот градоначалник на Општина Илинден Александар Георгиевски денеска го прими уверението што му го врачи Општинската изборна комисија, со што тој и официјално ја презеде функцијата.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков најави „проекти за светла иднина“ во Видобишта, Бараки, Илинден и Црногорци.
За тоа дали ќе се прегласува на ова избирачко место, од ДИК посочуваат дека треба да го разгледаат решението од Управниот суд и да се направи проценка дали евентуално прегласување ќе влијае на изборниот резултат.
Новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов на свечена седница го прими уверението од страна на претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев.
Сакам да ве потсетам дека изостана вистинската и неопходна помош на државно и локално ниво на најпогодените дејности од бизнис секторот.
Tука од Ресен, од Јанковец, сакам да испратам една порака. Mногу сме задоволни од победата на нашата листа на советници во општина Ресен, сметаме дека ќе биде клучна во креирањето на новото мнозинство во Советот
Сакам да ги информирам граѓаните дека општина Гази Баба ќе биде модерна, инфраструктурно развиена, општина гордост на градот Скопје.
Во Гевгелија дефинитивно ќе се случат промените. Всушност, резултатите во првиот круг тоа го покажуваат и сум убеден дека резултатите во вториот круг ќе бидат уште поубедливи за Андон Сарамандов и за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што промените во Гевгелија се извесни.
Со миниторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења и Клан Македонија и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ1, МРТ2, Собранискиот канал и Првата програма на Македонското радио.