На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на албанците во Македонија.
Масовната излезеност е глас и одлука за иднината на нашите семејства и иднината на нашата татковина, да ги победиме сценаријата на партијата која што нема „е“ од европски, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во МЗ Автокоманда во општина Гази Баба.
Вториот круг од претседателските и парламентарните избори што се одржуваат денеска во Северна Македонија би можеле да имаат клучно влијание врз надежите на оваа балканска земја за членство во Европската Унија, оценуваат белгиските медиуми во вестите поврзани со изборите во земјава.
Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски денеска изјави дека очекува демократски избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат својот глас и со тоа ќе одлучат каква ќе биде иднината на државата.
Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за Претседателските избори имаат 93.508, додека за Парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.
Процентот на излезност и за двете гласања е идентичен, односно има многу мал е е бројот на тие што избрале да гласат само за претседателските или парламентарните избори.
До 17 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2 040 избирачки места. Од вкупно запишани 1 069 021 гласачи на овие избирачки места, гласале 452 412 односно 42,32 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.
Во Кавадарци до 17 часот е евидентирана 51,23 отсто излезеност за претседателски и 51,29 проценти за парламентарни избори. Во Росоман, 57,11 отсто е излезеноста на парламентарните и 57,28 проценти на претседателските избори, информираа од општинските изборни комисии.