ВМРО-ДПМНЕ вечер на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата ќе ги потврди листите за пратеници за претстојните парламентарни избори, по што, се очекува, тие ќе бидат објавени во јавноста.
Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава ги формализираат коалициите, а Државната изборна комисија (ДИК) се подготвува за организирање и спроведување на изборите.
Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша.
Планирани се до 250 милиони евра, средства кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата планира да ги реалоцира кон општините за проекти на општините кои што се од големо значење за граѓаните.
Таа продолжи и додаде дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е темелена врз неколку основи.
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип.
Последната анкета спроведена во месец март од страна на ИПИС покажува дека расте бројот на испитаници кои сметаат дека треба да има промена на власта.
Двојна е предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, а убедливо водство има и Гордана Силјановска-Давкова пред Стево Пендаровски. Ова е впечатокот од вчерашната анкета на Институтот за Политички истражувања ИПИС Скопје.
Во Росоман сум од вчерашниот инцидент кога активист на СДСМ близок на градоначалникот на Росоман оштети возила на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е акт на паника – објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.