Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.
На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, во период од еден час најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати, кои треба да добијат поддршка на партиски конвенции на почетокот на март.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски присуствуваше на отварањето на новиот штаб на партијата во Куманово.
И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја прифатија поканата нивните лидери, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски да се соочат во ТВ дуел на Канал 5 на 3 април во 18.45 часот.
Прв пат во историјата Бошњаците ќе имаат свој кандидат за претседател на Македонија.
Според Мицкоски, периодот е значаен за државата, за граѓаните и важно е да се искористи, овој како што кажа, историски момент кој е одлучувачки за следните децении и векови. Борбата, како што рече, ќе се води се до 8 мај кога ќе има двојна победа.
Ако погледнеме прво за најважното, за економијата, за животниот стандрад на граѓаните, на работниците, професорите, наставниците, пензионерите, полицајците, војниците, ранливите, фактите потврдуваат, додаде тој, со СДСМ растат платите и секој добива повеќе.
Партијата Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста информира дека вонредна прес-конференција одржал претседателот д-р Арбен Таравари во Тетово.
Во однос на против кандидатите на професорката Силјановска Давкова во претседателската трка, Милошоски вели дека е добро што има повеќе кандидати и веројатно ќе има уште некој кандидат кој што ќе се пријават за овој изборен процес затоа што е добро граѓаните да имаат поголем избор.
Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски.